Претреси во становите на Никола Груевски и Миле Јанакиевски!

0
23

Утринава биле извршени претреси во објекти кои биле во сопственост на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски.

Како што пренесува „Слободен печат“, од Јавното обвинителство потврдиле дека утрово бил извршен претрес во објект на Миле Јанакиески во Прилеп, како и во станови на Никола Груевски во Скопје.

Дека биле извршен претрес на дел од имотот на поранешниот премиер Никола Груевски во Скопје, во врска со предметот „Плацеви на Водно“ потврди и Вилма Русковска од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Пред околу две седмици поради плацевите на Водно, беше спроведен во притвор бизнисменот Орце Камчев. Бизнисменот Камчев е осомничен за кривичното дело „Перење на пари“.

Во случајот „Плацеви на Водно“, покрај Никола Груевски, осомничени се и Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.