Приведен нарко дилер баран од германската полиција кој се криел во тетовско

0
83

Приведен нарко дилер баран од германската полиција кој се криел во тетовско

На 05.03.2021 полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага постапија по меѓународна потерница од Интерпол Германија и вoТетово го лишија од слобода К.И. (30) кој се барал за сторени кривични дела поврзани со трговија на голема количина на кокаин и марихуана  на територијата на Германија, за кое дело според германскиот кривичен закон се предвидува максимална казна затвор од 15 години.

Лицето, според законската процедура, ќе биде испорачано на германската полиција.