Пристигна втората пратка од руските вакцини „Спутник В“

0
23
Втора пратка од 3.000 руски вакцини „Спутник В“. Меѓународен аеродром Скопје.На меѓународниот аеродром во Скопје денеска пристигна и втората пратка од руската вакцина „Спутник В“, информира Министерството за здравство.

Според институцијата, овие вакцини пристигнале во 14:30 часот и се наменети за ревакцинација на 3.000 здравствени работници.

Инаку, денеска претпладне пристигнаа првите 24.000 дози вакцини „Астра Зенека“.

Со нив в среда ќе започне имунизацијата на грашаните, односно приоритет ќе имаат лица над 75 години и хронично болни, како што најави министерот за здравство Венко Филипче.

Здравствените власти најавија дека до крајот на априд ќе пристигнат дополнителни 76.000 дози вакцини против Ковид-19.