Притвор од 48 часа за едно лице инволвирано во пукањето во Ѓорче Петров каде беше повреден синот на Сулејман Реџепи

0
41

 

На барање на Основното јавно обвинителство од Скопје, Кривичниот суд одобри 48 часа притвор за лице, инволвирано во вооружениот инцидент што се случи на 1 март во скопската населба „Ѓорче Петров“.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесеното писмено известување од Министерството за внатрешни работи, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување краткотраен притвор од 48 часа против едно лице, косовски државјанин. Ваквата мерка беше побарана со цел да се обезбедат докази за евентуална инволвираност на тоа лице во кривично-правниот настан. Предлогот на јавниот обвинител беше прифатен и на лицето со решение му е определен краткотраен притвор од 48 часа“,информираат од Обвинителството.