Рама до Вучиќ: Косово и Албанија се едно

0
52

Албанскиот премиер Еди Рама од северниот албански град Кукс изјави дека Косово и Албанија се едно, како одговор кон српскиот претседател Александар Вучиќ кој објави мапа од Косово со боите на српското знаме и воедно напиша дека Косово е крстот на Србија.

-Нека тој пријател објавува мапи и нека си игра на Фејсбук, ние сме едно и така ќе продолжиме до крај – порача Рама.

Во однос на објавата на Вучиќ реагираше и опозицскиот лидер во Албанија Љуљзим Баша, кој порача дека Косово е реалност од која нема враќање