Рашковски развил софтвер за сообраќајни казни пред да го купи како генерален секретар на Владата

0
44

Државната комисијата за спречување на корупцијата се очекува денеска да донесе одлука за отворање на постапка по допрен глас за набавката за МВР на софтверот за видео надзор на сообраќајкни прекршоци, со цел да се увиди дали станува збор за злоупотреба од страна на Генералниот секретаријат на Владата кој го раководеше Драги Рашковски.

Тоа што сега ќе мора да го истражи Антикорупциската комисија покрај оправданоста и тендерската процедура е и чиј е производот што го набавил Рашковски.

Оваа потреба се наметнува откако истражувањето на expres.mk утврди дека самиот Рашковски на почетокот на јануари оваа година преку фејсбук се пофалил со диплома, златен медал за иновација.

Внимателно читање на дипломата покажува дека се работи за речиси идентичен систем за контрола и санкционирање на сообраќајни прекршоци каков што Рашковски набавил во име на владата и МВР.