Ротвајлер усмрти 8-годишно девојче во Словенија

0
38

Осумгодишно девојче од Словенија починало откако било искасано од Ротвајлер. Трагедијата се случила вчера во градот Менгеж, на 15 километри северно од Љубљана.

Девојчето се доближило до кучето кое било врзано со ланец во двор на приватна куќа, по што песот го нападнал девојчето, објавија словенечките медиуми.

Кучето, кое било мешавина од расите ротвајлер и германски овчар, било отргнато од маж кој повикал Итна помош, но лекарите не можеле да го спасат девојчето.