Роaмингот со земјите од регионот наскоро ќе биде укинат

0
78

Од 1 јули ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан. Ова значи дека цената на роаминг услугите помеѓу земјите ќе има цени како да сме дома. За помалку од четири месеци од сега, Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ ќе започнат со спроведување на договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година, со кој на граѓаните им се овозможи поевтин роаминг за телефонски повици, СМС пораки и употреба на Интернет.

-Ова значи дека корисниците од Македонија нема да плаќаат повисоки цени од домашните тарифни модели за употреба на роаминг услуги кога патуваат во другите пет земји потписнички на договорот “, рече Јетон Акику, директор на АEK.

Од Агенцијата за електронски комуникации велат дека намалувањето на цените на роаминг услугите ќе значи чекор поблизу до намалувањето на цените на роамингот со ЕУ. Но, придобивките нема да се однесуваат на околните земји кои се членки на ЕУ, како што важат другите правила во Унијата. Со цел да се намалат цените со ЕУ, велат од оваа институција, ќе биде потребно Македонија да потпише договор за намалување на цените на роаминг со ЕУ, по примерот на земјите од Западен Балкан кои се договорија заедно. Инаку, во моментот цената на роаминг услугата што македонските граѓани ја плаќаат за повици кон Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна е – 3,64 денари за повик кон Македонија и 1,82 денари за дојдовен повик.