Румен Радев бара специјалните служби да ги заштитат Бугарите во Македонија

0
52

Бугарскиот претседател Румен Радев ги свикал на средба специјалните служби поради „напади врз Бугарите“ во Македонија.

 

Тој бара да преземат „навремени мерки за соодветна заштита на правата на бугарските граѓани во странство кога тие се нападнати само поради нивната национална самосвест“. Сепак, нема детали какви мерки ќе преземат. Претседателот на Бугарија објаснил, како што објави дигиталниот весник „Медијапул“, дека причината за состанокот било писмото што го добиле од Центарот за култура „Иван Михаилов“ со седиште во Битола, како и „сигналите на нашите сонародници од Република Северна Македонија за чести повреди на нивните права само поради до самоопределување како етнички Бугари“. Односите меѓу Македонија и Бугарија се заладени откако Бугарија не дозволи Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.