Самохрана мајка од Теарце почина денес, три месец по прележан Ковид 19

0
37

Денес во Теарце почина, самохрана мајка на 38 година,  која пред три месеци го прележана коронавирусот, веста за смртта на својот фејсбук профил ја сподели пратеникот Влатко Ѓорчев.

Неофицијално, починала од тромб, од згрутчување на крвта, ама тоа ќе го потврдат и утврдат лекарите, напиша Ѓорчев на фејсбук.

Видете на нејзиниот Фејсбук каков човек беше. Видете ги нејзините постови последниве месеци. Видете каков добар човек беше Верица.До денес, до последниот ден постираше и пишуваше да се помогне на луѓе, особено на семејствата со мали деца. Последниот одговор на Верица е од денес, само 2 – 3 часа пред да почине, а тоа е одговор на вчерашниот пост за помош на мали деца, додава тој во својот фејсбук статус.