СВР Тетово – Тепачки и напади врз полициски службеници

0
15

Вчеравечер (28 март) во 22 часот и 45 минути, В.Б.(22) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека околу 21 часот и 30 минути на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово бил физички нападнат од едно лице, кое го познавал од претходно. Според пријавеното, напаѓачот употребил тврд предмет.Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Вчеравечер (28 март) околу 22 часот и 45 минути на улица „111“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 42-годишен тетовец, кој агресивно се однесувал и ги навредувал, а ја прекршил и забраната за движење.Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.

Вчера (28 март) во 19 часот, В.С.(19) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот и 30 минути на улица „Илинденска“ во Гостивар физички бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Вчера (28 март) во 13 часот и 10 минути, 39-годишна жителка на гостиварско село во СВР Тетово пријавила дека околу 9 часот во нивниот дом физички била нападната од нејзиниот 30-годишен посинок Н.Ќ.. Се расчистува и документира случајот.

Вчера (28 март) во 13 часот и 25 минути во Полициското одделение  Теарце, Р.З.(44) од тетовско Нераште пријавил дека во меноста „Лук“ во атар на селото Беловиште, се случил пожар на грмушки до неговата нива, при што биле опожарени и негова дрвена барака и повеќе сандаци со пчели. Пожарот бил изгаснат од пријавителот, а увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

….