Име Вести Македонија СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ минатата година со приходи од над 5 милиони...

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ минатата година со приходи од над 5 милиони евра

0
17

Нема ковид криза за трите најголеми партии во Македонија. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ минатата година оствариле вкупни приходи од над 5 милиони евра, покажуваат најновите извештаи од Државниот завод за ревизија. Оваа тројка заедно имала вкупно 3,8 милиони евра расходи, што значи годината ја завршиле со „ќар“ одоколу 1,4 милиони евра на партиските сметки.

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ средствата претежно ги обезбедувале преку донации и други основи, но имале и големи заштеди од 2019 година. Најмногу пари потрошиле за реклама и пропаганда, а се трошело и на кирии за објекти, плати за вработените…

„ Владејачката СДСМ во 2020 година остварила приходи во износ од околу 2 милиони евра, додека расходите изнесувале околу 185.000 евра.

Социјалдемократите лани плус прибрале 240. 600 евра по основ на членарини, подароци и донации. Од Буџетот добиле над 850.000 евра, а повеќе од 490.000 обезбедиле од кредит.

Од овие пари лани се потрошиле речиси 360,655 евра за реклама и пропаганда…

„ Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во 2020 остварила приходи од скоро 1 милион и 800 илјади евра, што е за околу 164.000 евра повеќе отколку во 2019 година. Зголемување има и кај расходите, кои изнесуваат еден милион и 700 илјади евра.

Најголем дел од приходите на опозициската партија се остварени по основ на донации, членарини, подароци изнесуваат милион и 700 илјади евра. Од донации биле собрани скоро 990.000 евра, додека од членарини само 14, 000 евра.

И од ВМРО-ДПМНЕ најголем дел од парите, ги трошеле за реклама, пропаганда и репрезентација, за што биле издвоени над 375 илјади евра.

„ Најголемата албанска партија – ДУИ, минатата година по разни основи собрала над 1,000.000 евра од кои околу 730.000 евра се пренесен вишок од претходната 2019 година. Партијата потрошила над 254 илјади евра, исто, најголем дел на реклами и пропаганда.