СДСМ го менува името на 16 мај?

0
100

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, соопшти дека Централниот комитет на синоќешната седница одлучил следниот Конгрес на неговата партија да се одржи на 16 мај.

Дали Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе го промени своето име согласно Преспанскиот договор, по најавата на Заев дека еден од предлозите е „Социјалдемократи од Северна Македонија“.

– На следните конгреси, тоа не можеме на Извршен одбор или на Централен одбор, тоа е Конгресот на партијата, којшто ретко се свикува. Од уставните промени сме одржале само еден конгрес, онлајн… Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор. Дури дадовме и информација во делот на новото име – Социјалдемократи од Северна Македонија. Има и други идеи, рече тогаш Заев.