СДСМ му возврати на Мицкоски дека тој ја поткопува борбата против пандемијата

0
16

Дали Мицкоски мислеше на заболените од ковид кога одеше во кафeана или во тераната, прашуваат од владејачката партија, реагирајќи на ставовите што ги изнесе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за Алфа, барајќи одговорност за ситуацијата со коронавирусот и посочувајќи дека опозицијата ќе ги повика граѓаните да не им отвораат врата на попишувачите

 

Христијан Мицкоски ја поткопува битката против пандемијата, возвратија од СДСМ на ставовите што ги изнесе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва за Алфа, барајќи одговорност за ситуацијата со коронавирусот и посочувајќи дека опозицијата ќе ги повика граѓаните да не им отвораат врата на попишувачите, доколлку не се чувствуваат безбеди од здравствен аспект.

Според СДСМ, Мицкоски нема чувство за државен интерес.

„Мицкоски, од почетокот на кризата со коронавирусот, па се до денеска, е на погрешната страна, на спротивната страна од интересите на граѓаните. Мицкоски нема никаква грижа на совест, што постојано ја поткопува борбата против пандемијата, што работи против здравствениот систем. На што мислеше Мицкоски кога одеше во кафeана или тераната? Дали тогаш мислеше на заболените од ковид? Дали мислеше на здравствените работници кога лажеше дека нема доволно тестови? Или кога ја кочеше помошта за 16 ковид центри низ државата? Кога организираа партиски собири спротивни на сите здравствени протоколи каков пример даваше Мицкоски“,

реагираат од СДСМ.

Според Мицкоски. здарвствените власти, почнувајќи од претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, па до министерот за здравство Венко Филипче треба да сносат одговорност за ситуацијата со ковид-19 во земјава.

„Одговорност мора да се сноси, почнувајќи од Караџовски, завршувајќи со тој кој што е најодговорен помеѓу нив, а тоа е министерот. Наоѓаат глупави оправдувања што сами си ги разбираат. Наместо да излезат во јавноста, да се извинат и да понесе некој одговорност, тие се заплеткуваат и тонат. Ако дозволиме да поминат грешките што чинат животи, ако трчаат по провизии наместо да се борат, ако се сончаат по плажи затоа што евтини им биле аранжманите, наместо да се борат за вакцини, ако се тоа помине, тогаш ништо не сме направиле“,

рече Мицкоски.