Северна Кореја лансирала две балистички ракети

0
16
epa06507657 A photo released by the North Korean Central News Agency (KCNA), the state news agency of North Korea, on 09 February 2018 shows North Korean leader Kim Jong-un (C) saluting during the military parade celebrating the 70th founding anniversary of the Korean People's Army at Kim Il Sung Square in Pyongyang, North Korea, 08 February 2018. EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Северна Кореја денеска лансирала два проектила за кои постои сомневање дека се балистички ракети, соопштија официјални лица во Јужна Кореја, Јапонија и во САД. Лансирањето е прв таков тест од преземањето на Џо Бајден на претседателската функција во САД и доаѓа во време на дипломатски ќорсокак.

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави дека се лансирани две балистички ракети.

„Има една година од нивното последно лансирање ракета. Ова е закана за мирот и безбедноста на нашата земја и на регионот. Ова е исто така кршење на резолуцијата на ОН“, рече Суга пред новинарите.

Началникот на генералштабот на војската на Јужна Кореја објави дека се истрелани две ракети со краток дострел од источниот брег на Северна Кореја. Тој не рече дали го оцениле оружјето како балистичко, но истакна дека ракетите летале околу 450 километри пред да паднат во морето. Јужнокорејските и американските разузнавачки власти ги анализираат податоците за лансирањето заради дополнителни информации, се вели во соопштението од Сеул.

Портпаролот на Индо-пацифичката команда на американската армија рече дека лансирањата ја потенцираат заканата што „програмата за недозволено оружје на Северна Кореја ја претставува за нејзините соседи и меѓународната заедница“.

Балистичките ракети на Северна Кореја се забранети според Резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.