Секој обид за манипулација со онлајн системот за попис на Дијаспората се санкционира

0
42

Државниот завод за статистика негира дека онлајн апликацијата за попис на Дијаспората била нападната од лажни Ај Пи-адреси. Од Заводот велат дека никој нема да може да манипулира со овој систем, додека сите што ќе се обидат да го сторат тоа, ризикуваат казна затвор до три години.

“Во апликацијата може да се пристапи само со Ај Пи адреса од странство. Секое кршење на процесот на собирање на податоци е казниво со Законот за попис. Согласно член 49 од Законот за попис на населението „Секој што ќе уништува, прикрива, оштетува, подобрува или на друг начин прави податоците содржани во апликацијата за регистрација да бидат неупотребливи, ќе се казни со најмалку три години“.