Се огласи девојката која беше нападната во Струмица: Ме нападаа жители од Баница- со нив носеа секири и ножеви

0
18

По случајот со денешната тепачка на центарот во Струмица, се обрати и девојката која беше претходно нападната, пренесува „Струмица денес“.

-После сите реакции од медиумите сметам дека јавно треба да се обратам. Жители од Баница ме нападнаа физички и вербално, а во нив носеа секири и ножеви, зар тоа да дозволиме да се случува во центарот на градот од хулигани кои шетаат со ладно оружје. Ги повикувам надлежните институцции да застанат во одбрана на вистината. Зошто ако не се спречат навреме следни жртви на насилство ќе бидат нивни ќерки и синови, вели таа.

Според неофицијални информации девојката поради која настанала тепачката раболета во казино, а ја нападнале со ножеви и секири.

Денеска на социјалните мрежи беше објавено и видео од тепачка во центарот на Струмица во која учествувале неколку лица.

Снимка од настанот беше објавена на социјалните мрежи и предизвика многу реакции, а реагираше и Геге Демировски претседател на Народната партија на Ромите.

Тој на Фејсбук повика да се соделува фотографијата од жртвата за да се изврши притисок од јавноста да се дознае за судбината на претепаниот.

Претходно денеска реагираше и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој објави вознемирувачко видео од тепачката под насловот „Агенција за претепување на СДСМ ја тероризира СДСМ“.

На видеото може да се забележат десетина лица како бркаат човек и го претепуваат со боксови, клоци и шипки. Дел од овие лица бркаат друг човек по улица, на видеото не може да се види дали и тој е претепан.