Се пополнуваат капацитетите во охридската болница

0
18

Двесте пациенти од Охридско струшкиот регион денес се тестирале за Ковид 19, што е рекордна бројка, велат епидемиолозите. Дури 150 од нив сакале да патуваат во Италија, Германија и САД. Ако пред само десет дена во охридската болницата беа хоспитализирани педесетина, во моментот се хоспитализирани 90 пациенти. Половината се на кислородна поддршка.

„Веќе сме при крај со сили и со се. Многу е напорна работата, дежурствата се тешки со тешки пациенти со кислородна поддршка. Веќе една година се работи без престан, без ден одмор, поради тоа. Најтешко е кога треба да соопштиш на домашните за исходот, со друго се справуваме некако“, рече Весна Грозданоска Петреска-инфектолог.