Се преврте камион на Плетвар, сообраќајот отежнат

0
19

Камион со приколка утрово се преврте на превојот „Плетвар“ на патот Прилеп – Градско.

Сообраќајката се случила околу 8 часот, а нема повредени лица.

Полицијата излегла на местото на настанот каде што врши увид, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента.