Се самоуби телохранител на Ердоган: Не можев повеќе да трпам

0
37

Полицаецот Мехмет Али Булут, стациониран во Управата за претседателска заштита, пронајден е мртов во вторникот, во својот стан.

Како што јавија турските медиуми, се работи за самоубиство.

Колегите полицајци го нашле Булут во неговиот стан, откако отишле да проверат зошто не се појавил на работа и зошто телефонот му е исклучен.

„Сигурно е најдобро да го навредувате својот персонал, да му се заканувате, да го понижувате и да се преправате дека се лажговци. Секој човек има гордост и не можев да ги трпам тие зборови“, со рака напишал Булут во бележникот.

Претседателскиот телохранител цитирал две лица со иницијали Ц.Б. и А. О.

„Би сакал подобро да се однесувавте кон своите вработени и да ги прашате како се“, стои во пораката.

Исто така, истакнал дека не сака надредените да му присуствуваат на погребот, освен еден шеф на полицијата.

Заменикот-претседател на опозициската Републиканска народна партија, Мурат Бакан поднесе пратеничко прашање до министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу да одговори колку полицајци извршиле самоубиство.

Бакан спомна уште двајца полицајци, Халил Акај и Етем Дамдевире, кои извршија самоубиство во јануари, односно во март.

„Овие дена, во најдобриот дел од својот живот, сакаат да станат полицајци, а потоа извршуваат самоубиство. Што ги турка да се откажат од сопствениот живот?“, праша тој објаќајќи му се на Сојлу.

Бакан рече дека во сите случаи на самоубиство на полицајци, кои до денеска станаа јавни, полицајците се жалеле на вознемирување од надредените и праша дали се истражени имињата на луѓето кои полицајците ги наведуваа во самоубиствените белешки.