Се спрема ли нова плажа или нов кафич: Во Струга изгоре езерска трска на површина од околу 3000 метри

0
26

На 19.03.2021 во ОВР Струга било пријавено дека настанал пожар на езерска трска на брегот од Охридското езеро на потегот од Струга кон селото Калишта.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема.

Од извршениот увид било констатирано дека била опожарена трска на површина од околу 3000 метри квадратни на езерскиот брег, како и околу 5000 метри квадратни сува трева на приватна парцела.