Се утврдува евентуална кривична одговорност кај мајката, чие дете загина во пожар во Гостивар

0
13

Гостиварското обвинителство ќе утврдува дали ќе одговара кривично 35 годишната мајка чие седумгодишно дете вчера настрада во пожар кој го зафати станот во кој живееле.

Таа од вчера е во полициска станица каде е спроведена по добиените сознанија на обвинителството кое ги добило од лекарите на лице место дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете.

С.Т. од Ресен(35г.) од вчера во 14.40 е лишена од слобода и е задржана е во полициска станица Гостивар, под сомнение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски” (член 203 став 2 од КЗ)…Кривично дело според кое на оној што со груба повреда на законските семејни обврски ќе предизвика смрт на член на семејството кој не е во состојба да се грижи за себе, му се заканува затворска казна од 3 месеци до 5 години. Дали обвинителството ќе бара одговорност за мајката по ова кривично дело ќе се знае откако полицијата ќе поднесе пријава.- СВР Тетово

Од МТСП велат дека останатите три деца се соодветно сместени и кај нив не се утврдени траги на насилство.

-Од разговорите на стручните лица кои што се постојано со децата, утврдено е дека врз децата нема траги од било каков вид на насилство и истите се во добра психо – физичка состојба. Констатирано е дека едно од децата редовно посетувало училиште, а останатите се во предучилишна возраст.- МТСП.

Случајот го следи и Хелсиншкиот комитет за човекова права од каде очекуваат детална истрага но и евентуално одземање на родителското право на мајката над другите деца.

Од Гостиварскиот Центар за социјални работи претходно соопштија дека мајката и четирите деца во станот на улица Кеј Вардар се вселила пред десетина дена, а три години претходно од Ресен се преселиле во Гостивар. Досега не користеле никакви услуги од Центарот а не постојат официјални дојави од соседи ниту пак се евидентирани од МВР за какви било проблеми или родителска негрижа