СЗО: Вирусот најверојатно преминал на луѓето од лилјак , но преку друго животно

0
14

Ковид-19 најверојатно преминал на луѓето од лилјак   преку посредничко животно се вели во заклучокот на СЗО по спроведената истрага за потеклото на вирусот во Вухан, од кој примерок добила француската новинска агенција Франс Пресс, пред неговото официјално објавување.

Во извештајот не се објаснува кое животно може да играло улога во пренесувањето на вирусот од лилјак на луѓето.

Тезата дека вирусот избегал од кинеска лабораторија е крајно неверојатно се додава во извештајот.

Експертскиот тим на СЗО истрагата за потеклото на вирусот ја спроведе  заедно со кинески научници.