СЗО: Особено сме загрижени за епидемиолошката состојба на Балканот

0
55

Ситуацијата со пандемијата на коронавирусот во Југоисточна и Централна Европа ја загрижува особено Светската здравствена организација. Како што објавија на прес-конференцијата, тие се особено загрижени за состојбата на Балканот и Централна Европа.

Како што истакнаа, денес состојбата е најтешка во областите кои успешно ја контролираа болеста во првите шест месеци од минатата година.

– Особено сме загрижени за епидемиолошката состојба на Балканот, како и во многу други централноевропски земји, рече портпаролката на СЗО, Кетрин Смолвуд.

Во овие области, бројот на смртни случаи и хоспитализации на луѓе кои страдаат од Кводи-19 е „меѓу највисоките во светот“.

СЗО исто така изјави дека балтичките држави сега се класифицирани како области со „лоша слика“.

Европскиот регион на СЗО вклучува 53 земји и територии и ги вклучува Русија и неколку земји од Централна Азија.

Регионалниот директор Ханс Клуге рече дека воведувањето на вакцини за коронавирус сè уште не е доволно за да се запре ширењето на преносот низ целиот регион.

– Инциденцата на случаи продолжува да расте и се движи кон исток, рече Клуге.

Тој рече дека бројот на случаи на инфекцијата расте три недели по ред и додаде дека минатата недела во европскиот регион на СЗО се пријавени над 1,2 милиони нови случаи.

Иако многу земји низ Европа во моментов се наоѓаат под „делумно или целосно затворање низ целата земја“, Клуге рече дека некои почнуваат да ги укинуваат ограничувањата врз основа на претпоставката дека зголемената вакцинација „веднаш ќе доведе до подобрена епидемиолошка состојба“.

– Прерано е за такви претпоставки, рече Клуге.

Регионалниот директор исто така истакна дека вакцините на крајот ќе понудат излез од пандемијата.

– Вакцините функционираат и на крајот ќе овозможат враќање во новото нормално – рече Клуге.