Синовите на Мијалкови приведени поради тепачка и напад врз 19-годишно момче

0
24

Ноќеска во кафе бар во скопско Дебар маало, биле приведени неколку лица поради тепачка. Меѓу приведените биле и синот на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, и неговиот внук, односно синот на неговиот брат Влатко Мијалков, пренесува Телма.

Тие биле осомничени за учество во тепачка и физички напад врз 19 годишно момче, кое случајот го пријавило во ПС Центар. Полицијата ги сомничи дека наводно го истепале тинејџерот кој случајот го пријавил денеска.

Ќе бидат земени искази и од останатите кои биле дел од групата кои му се нафрлиле на 19-годишното момче.