„СИТЕЛ“: КОМИСИЈАТА ПРЕДЛАГА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДА ТРАЕ НАЈМАЛКУ ЕДЕН МЕСЕЦ

0
124

Комисијата за заразни болести предлага полицискиот час, кој би важел секој ден од 22 до 5 часот наутро, да биде во сила најмалку еден месец, дознава неофицијално „Сител“, откако денеска Министерството за здравство информираше дека министерот Венко Филипче, по предлог на Комисијата, го доставил предлогот за воведување полициски час до Главниот кризен штаб на Владата.

Министерството соопшти дека дополнително ќе се одлучува од кој ден и до кога би била на сила мерката, но Филипче, од друга страна, посочи дека препорачале полицискиот час да важи веќе од среда (10 март).

Конечната одлука Владата ќе ја донесе на утрешната владина седница.