Снегот предизвика ерозивни подрачја на Шара

0
17

По пообилните снежни врнежи на Шарпланинскиот масив веќе се исчистени патните правци кои водат до селата од ова планинско подрачје. Но влажноста на почвата како последица на снегот, предизвикаа ерозивни подрачја на Шара.

Како и многу пати досега така и деновие после пообилните врнежи од снег, во пределот кој води кон рекреативното место Бањиче на Шара се појавија ерозивни процеси. Но, овој пат од поголеми размери, каде свлечиштетото на земјата донесе на патот камења и големи карпи. Од Општина Тетово, велат дека при секое лизгање на земјата нивни екипи интервенираат.

Конфигурацијата на теренот е таква што овој проблем не може да се реши ад – хок, потребни се сериозни анализи и проекти на што локалната самоуправа работи.  

Од Општина Тетово се пофалија дека снегот на пролет не ги изнанадил. Со нивна механизација веќе се исчистени сите патишта кои водат до селата на Шарпланинскиот масив.

Сепак снежните врнежи позитивно влијаат на хидролошката состојба во полошко како и на ски центарот Попова Шапка, каде има и до половина метар снег нова покривка, која ќе ја продолжи сезоната на овој туристички центар.