Со Астра Зенека ќе започне вакцинирањето на лицата над 75 години

0
20

Утре во 7.55 е најавено пристигнувањето на првата пратка од 24.000 дози вакцини на АстраЗенека преку Ковакс-механизмот која што ќе ја пречека министерот за здравство, Венко Филипче и со оваа вакцина, како што изјавија од Министерството за здравство за МКД.мк ќе започне вакцинирањето на лицата над 75 години.

Вакцинацијата во нашата земја ќе се одвива согласно Националниот план за ковид имунизација. Со вакцината на Астра Зенека ќе започне вакцинирањето на лицата над 75 години, на територија на цела држава“, велат од Министерството.

Засега нема информации кога ќе почне вакцинирањето со овие вакцини, а претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски изјави дека овие дози ќе бидат наменети за возрасните, односно приоритет ќе бидат граѓаните над 70 години, како и граѓаните кои заради нивните професии се први на удар на вирусот.

И покрај големиот притисок што го трпи компанијата АстраЗенека во однос на својот производ, и Караџовски и Филипче уверуваат дека вакцината е безбедна за граѓаните и ефикасна против коронавирусот.

Како што претходно најавија македонските здравствени власти, во текот на април се очекуваат поголеми пратки вакцини од Синофарм, како и од руската Спутник В, со што во земјава конечно ќе започне масовната вакцинација против корона вирусот.