Со 24 милиони евра ќе се вработуваат граѓани, кои ја изгубиле работата поради корона кризата

0
86

Државата со нови мерки како да им се помогне на невработените, пред се оние кои ја загубиле работата поради ковид пандемијата..

Со 24 милиони евра ќе се вработуваат ранливи категории граѓани и лица кои останале без работа поради Корона кризата. Власта го претстави Оперативниот план за вработување…Субвенции за плати, самовработување, практиканство, обуки, гаранција за млади се дел од мерките. Помошта ќе се дели и врз основа на правична застапеност по секаква основа.

„Кога на еден оглас што ќе го објави Агенцијата за вработување ќе се јават пет кандидати од различна етничка припадност, тогаш при изборот на кандидатите кои ги исполнуваат условите треба да биде отсликана сликата на нашето општество во делот на етничката припадност на кандидатите. Кога тие еднакво ги исполнуваат условите ќе се гледа да бидат застапени на ист принцип како што се застапени во општеството што е правично.“ изјави Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика

Пандемијата остави 18.200 лица без работа, покажуваат бројките на Агенцијата за вработување – иако според планот ќе се вработат речиси 8000 лица помалку. Битиќи уверува, ова е само еден од начините на кој Владата се справува со последиците од кризата.

„Ние ќе се справуваме цела 2021 и 22та со последиците од Ковид и затоа сметам дека овој број којшто овде е опфатен е максимумот во овој момент, има зголемување на програмата од 4 милиони евра, што е значително зголемување од минатата година, а веќе следна година ќе работиме да имаме ново зголемување.“ изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

Според власта лани реализацијата на мерките била скоро 95% од планираното, а најуспешна мерка била за самовработување.