Специјалците апсат криминална група за трговија со дрога, приведени се 21 лице

0
20

Дваесет и едно лице се приведени под сомнение дека се членови на организирана криминална група за трговија со дрога во Грчец, Гази Баба, Чаир и Сингелиќ, дознава МКД.мк неофицијално од свои извори од истрагата. Полициските специјалци од утрово се на терен и во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупација спроведуваат претреси и апсење на повеќе локации во Скопје.

Како што дознаваме пронајдени и запленети се дрога, пари, автомобили и мобилни телефони. Приведените лица во моментов се во полициска станица, по што ќе бидат предадени на обвинител, па пред судија на претходна постапка.

Повеќе детали за акцијата надлежните најавуваат во текот на денот.