Српски медиуми: Вакцинацијата во Белград тече одлично, најмногу има Македонци

0
21

Вкупно 1780 лица биле вакцинирани до 11 часот на саемот во Белград во салите 3 и 11, објавија српските медиуми.

За разлика од вчера, кога имала огромна гужва, денес речиси и да немало редици. Сите што имале закажан термин веднаш влегле во салата. Според српските медиуми, повеќето биле македонски државјани.

Организацијата е одлична. Дојдов со сопругата за да се вакцинира, а јас се вакцинирав во Врање. Имаше околу 500 возила на границата и чекавме околу половина час да ја преминеме“, изјавил за срспки „Новости“ еден наш државјанин.

Директорот на српската владина канцеларија за е-управа, Михаило Јовановиќ, која е надлежна за примање барања и одредување термини за вакцинација во Србија, синоќа ги повика граѓаните на соседните земји, меѓу кои е и Македонија, што немаат закажано термин за вакцинација, да не доаѓаат во Србија, бидејќи нема да бидат вакцинирани.

„Меѓу пријавените за вакцинација за викендов, која покрај Белград, се одвива и во Нови Сад и Ниш, повеќето луѓе се од Босна и Херцеговина, С. Македонија и Албанија“, соопштуваат српските медиуми.