Српско движење, жени во црно протести во Белград: Стоп за ксенофобијата против Албанците

0
54

Антивоеното движење „жените во црно“ одржа акција по повод Меѓународниот ден против расизмот, со кој се осудуваат говорите на омраза, нетолеранцијата и ксенофобијата против како што истакнаа албанската заедница во Србија, како и против косовските Албанци.

Движењето вели дека највисоките претставници на државата Србија воведуваат расистички и дискриминирачки изрази во официјалната комуникација и дека со тоа се легализира шовинистичкиот и расистички јазик на омраза и се кршат Уставот и важечките закони, пренесува Телеграф

Акцијата, која помина мирно, ја обезбедија припадници на Министерството за внатрешни работи.