Стопанската комора на Србија обезбеди 10.000 вакцини за Македонија и регионот

0
21

По вакцинацијата на стотина новинари од Македонија во Србија, српската Стопанска комора обезбеди 10 илјади вакцини за стопанствениците и работниците од земјите од регионот меѓу кои и Македонија.

Ова го објави претседателот на Комората, Марко Чадеж.

Како што објаснува неговиот советник , Ненад Ѓурѓевиќ за Канал 5 пријавувањето е до петок и се надева дека заинтересираноста ќе биде голема.

„ Се надеваме дека одзивот ќе биде адекватен бидејќи ни е важно бизнисмените кои соработуваат со Србија и меѓу себе да можат да патуваат особено во услужните дејности, туризам., во пресрет на новата сезона, но и бизнис заедницата кои сакаат да ги заштитат своите вработени. Тоа е еден наш придонес да помогнеме за заштитат во регионот. Нема квоти по комори, по земја.

Се надевам дека што повеќе ќе се приајват. 10 000 вакцини не се малку.“ , рече Ѓурѓевиќ за Канал 5.