Тетовското Кале е оставено на забот на времето

0
20
Тетовското Кале е оставено на забот на времето. Иако е заштитено за закон ова историско обележје се распаѓа. Годинава надлежните немаат издвоени ниту денар за негова реставрација.

 

Освен што е културно историски белег Тетовско Кале најчесто се користи и како место за рекреација на тетовци, но и почетна точка за бројните планинарски тури. Местото освен што не се реставрира тоa и не се одржува. На тврдината може на повеќе места да се забележат купишта отпад.

Од Музејот на тетовскиот крај, велат дека пандемијата стопирала многу културни активности. Но не само калето и старите автентични градби во Тетово се распаднати и преставуваат опасност за пешаците и возачите

 Во Тетово има евидентирано 130 градби со стара автентична архитектура, голем дел од нив се веќе заштитени со закон, но во руинирана состојба.