Тетовско училиште мета на чести провали

0
81
Подрачното основно училиште Братство Миѓени кај спортскиот центар во Тетово од утре ќе поставува надзорни камери, откако овој објект во неколку наврати е провалуван од засега непознати сторители. Синоќа исто така во објектот влегле провалници и предизвикале материјална штета.

 

И директорот на Основното училиште Братство Миѓени Риза Етеми, вели дека повеќе пати се евидентирани провали, но како што истакна во речиси сите случаи се предизвикува материјална штета, без да биде нешто одземено.

Сите случаи досега се пријавени, но полицијата се уште не им влегла во траг на крадците. Пријавен е и синоќешниот случај.

Директорот вели дека училиштето по завршувањето на наставата се заклучува и закатанчува, а лице од оваа образовна установа ги проверува сите прозорци и врати. Но, провалниците наоѓаат начин да влезат во објектот предизвикувајќи штети на истиот. Со надзорните камери Етеми ветува сугурен училишен објект.