Товарен воз удрил во автомобил кај Велес

0
21

Во попладневните часови на 18 март во велешката полиција било пријавено дека на железничкиот патен премин Велес-Згрополци-Велес се случила железничка незгода помеѓу товарен воз и автомобил „фолксваген туран“.

Автомобилот, со скопска регистрација, бил управуван од 55-годишниот М.З. од селото Кадино.

За среќа, во незгодата немало повредени лица.

Од МВР информираат дека на местото на настанот бил извршен увид од екипа на велешката полиција