Тортевски: Заев е виновен за неуспесите на владата

0
58

Политичкиот експерт Александар Тортевски го опишува како лицемерен ставот на премиерот Зоран Заев за проширената Влада. Според Тортевски, виновникот зошто нацијата и државата се наоѓаат во криза е токму Заев и тој не може да биде дел од решението за проблемот.

Тој што е одговорен и 4 години мораше да смени многу работи, да ги отстрани корумпираните кадри кои ги кочат реформите досега не стори ништо. Сега одеднаш тој излезе и бара од Владата национален спас. Од кого ќе ја спаси? Оној што ја донесе државата во оваа сериозна и критична ситуација не може да биде дел од решението – рече Александар Тортевски, адвокат.

Тортевски додава дека ниту опозицијата нема кадри кои би придонеле во оваа насока. Според него, сè додека ВМРО-ДПМНЕ не се ослободи од груевизмот, таа не може да биде вклучена во реформските процеси.