Третиот бран на коронавирусот би можел да биде најлошиот досега

0
22

Третиот бран на коронавирусот би можел да биде најлошиот досега.

Директорот на германскиот Институт „Роберт Кох“, Лотар Вилер вели дека е можно дневно да имаат до 100.000 нови случаи.  Бројот на нови потврдени инфекции со коронавирусот во Германија скокна во последните неколку седмици. Бројот на нови случаи во Германија денеска порасна за 21,573, а во последното деноноќие како последица на коронавирусот починаа 183 лица. Министерот за здравство, Јенс Шпан изјави дека Германија е во завршната фаза од „пандемискиот маратон“, но предупреди дека здравствениот систем би можел да ја достигне својата граница во април. Шпан истакна дека во понеделник на сила ќе стапи задолжителното доставување на негативен тест на коронавирусот за сите патници на авиокомпаниите кои влегуваат во Германија.