Третиот бран на коронавирусот зема замав во Охрид – пациенти со се потешка клиничка слика

0
20

Ситуацијата со епидемијата со Ковид-19 во Охрид е сложена, третиот бран како да зема замав, зголемен бројот хоспитализирани со симптоми на коронавирусот и тоа повеќето од нив со потешки клинички слики.

Според последните информации на одделенијата за ковид-пациенти во Општата болница и Кардиолошкјиот центар во Охрид се хоспитализирани 135 пациенти, од кои повеќето со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка.

Во Општата болница се сместени сто пациенти, од кои 70 на кислородна поддршка. Само последните 24 часа на одделенијата во ковид центарот се потрошени 143 боци со кислород.

Целосно е исполнет капацитетот за пациенти со Ковид-19 во Центарот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ каде се сместени 35 пациенти. Според информациите од Центарот, речиси сите се со потешка форма на болеста и на кислородна подршка