ТРЕТ БРАН КОВИД-19 Нема заострување на мерките, останува полицискиот час

0
19

Нема заострување на рестирктивни мерки , полицискиот час останува од 22 до 5 наутро. Здравствените власти очекуваат да даде резултат. Во екот на третиот бран бројката новозарзени зголемена за пет илјади. Во болниците има над 1.100 хоспитализирани. Притисокот во Скопје најголем- вели министерот Филипче.

„Отворени се сите ковид центри на интерните клиники. Капацитети има, но се полнат забрзано. Во моментот има доволно болнички кревети за сите кои ќе имаат потреба за болничко лекување“ – изјави министерот Филипче и додаде дека во одредени градови каде има зголемување на инциденцата, можни се дополнителни рестрикции од следна недела.

Во однос на безбедноста на вакцините против Ковид-19, Филипле нагласи дека сите вакцини кои ќе влезат во државата ќе бидат безбедни за граѓаните. Се следат сите известувања и препораки за вакцините кои доаѓаат од секаде во светот- рече министерот.