Уапсени синовите на ликвидираниот Дилавер Бојку: Полициска акција во Велешта

0
24

Синовите на ликвидираниот Дилавер Бојку, Ербан и Бесник биле уапсени во полициска акција вчер авечерта. Акцијата се случила на патот Струга-Дебар, пред влезот во село Велешта, а ја извеле полициските „Тигри“. Практично тие ги опколиле браќата на локацијата, а и двајцата имале пиштоли со себе

Дел од медиумите јавија дека Ербан се барал за издржување затворска казна од 21 година, а Бесник поради поседување оружје.

Дилавер Бојку Леку во 2017 година среде бел ден беше убиен од позади грб со куршум во глава во Струга пред својата кафеана во близина на старата автобуска станица. Беше познат осуденик за нелегална проституција.

Против двајцата браќа кои сега се уапсени, во 2017 година беа покренати и кривични пријави бидејќи нападнаа новинар кој беше дописник за тогашниот весник Дневник.