Учевме од случајот со Груевски, вели Заев за тоа како е спречен Мијалков да избега

0
74

Веројатно поучени од бегството на Груевски, сега имавме успешна акција да го натераме бегалецот Мијалков да се пријави, вели премиерот Зоран Заев, на прашањето да даде детали за бегството на Сашо Мијалков кој 48 часа беше недостапен за полициските и судските органи.

 

-Влечеме поуки секогаш и се трудиме да учиме од слабостите кои сме ги воочиле од претходните случаи. Но, истрагата мора до крај да се спроведе за да видиме дали некаде затаил системот, дали имаме одредени слабости, дали се тоа институциите под извршната власт или во правосудството и да видиме каде се слабостите. Овој случај навистина ги охрабри граѓаните дека е можна правда, изјави денеска Заев, на пррес конференцијата на која го промовира планот за борба против корупција.