ФАЈЗЕР“ ЗА ТВ 24: ДОГОВОРОТ СО МАКЕДОНИЈА НЕ Е ФИНАЛИЗИРАН

0
17

Компанијата Фајзер се уште е само во фаза на разговори со македонската Влада. Од таму за ТВ 24 накусо само велат дека се уште нема финален договор помеѓу Македонија и компанијата.

„Разговараме со Владата во врска со пристапот до вакцината Фајзер/Бионтек, но во моментов немаме финализиран договор.“ – велат од Фармацевтска компанија „Фајзер“.

Што е потребно за да се финализира договорот, за колку вакцини се преговара и кои услови треба да ги исполни Македонија за да ги добие вакцините – одговор на овие прашања од компанијата – не добивме.

Според информациите на министерот Филипче, пак „Фајзер“ го подигнала нивото на внимателност, поради што сега бара допоплнителни документи во делот на безбедноста.

„Ние денеска ќе го добиеме тој документ, така најавија, во однос на тоа што точно ќе се бара и ќе ја известиме јавноста, но сакам да кажам дека јасно ни беше кажано дека овие мерки на внимателност важат за буквално сите земји во светот и веројатно тоа е една од причините зошто толку се чека на деталите за овој договор.“ – изјави Филипче.