Филипче: Хоспитализирана девојка поради згрутчување на крвта по вакцинација со АстраЗенека

0
17

Девојката добила реакција седум дена по примањето на вакцината. Таа ја примила вкацината во Србија и според докторите немала претходни заболувања. И во Македонија оваа вакцина ќе ја примаат луѓе над 60 годишна возраст. Министерот за здравство Филипче објасни дека ќе чекаат потврда за вакцината и нејзината безбедност.

Германија вчера донесе одлука граѓаните под 60 години да не ја примаат вакцината на АстраЗенека. Инфектологот Андреј Трампуж за Канал 5 објаснува дека се уште не се знае зошто се јавуваат овие тромбози на мозочните вени само кај млади жени. Тој вели дека не треба паника и страв оваа вакцина не значи дека кај сите ќе предизвика ваква состојба. Во Германија на 100 илјади случаи кај еден се појавува ваква несекана состојба, а еден од 100 заболени може да почине. Но кај возрасните над 60 години немало проблем. Тој ја примил АстраЗенка и вели дека освен температура немал други проблеми. Според него, вваа нус појава, која е поврзана со вакцината на АстраЗенека се јавува само во мочозочните вени. Нема асоцијација со други тромобози и досега не знаеме зошто тоа се јавува само кај млади жени , но веројатно се остатоци од хепаринот кои се вакцината и може да ја предизвикаат оваа тромбоза, која инаку е многу ретка.

„Ако главоболката трае долго некаде четири дена до 12 дена по вакцинацијата, тогаш треба да се провери крвната слика и да се види ако тромбоцитите паднале, тогаш може да е тоа можен знак. Но ако има само болки, температура тоа е нормална њус појава, тогаш ништо не треба да се проверува. Сите овие њус појави, овие тешки овие тромбози на мозочни вени се појавиле од четвриот ден до 14 ден“, вели Трампуж за Канал 5.

Вакцината на „АстраЗенека“ е направена од ослабена верзија на вирус на настинка (познат како аденовирус) од шимпанза. Препорачани се две дози дадени во интервал од 8 до 12 недели. Вакцината ја развива и произведува тим од Универзитетот Оксфорд и британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“. АстраЗенка доби лош имиџ и создаде страв со случаите со згрутчување на крвта во повеќе европски земји, што беше причина тие да ја прекинат вакцинацијата – Германија, Италија, Франција, Холандија, Исланд, Ирска, Бугарија, Норвешка, Данска, Естонија, Литванија, Луксембург, Летонија и Романија.