Фото-видео) Како „Борис Трајковски“ се подгвотвува за масовна имунизација

0
23

Спортската сала „Борис Трајковиски“ се подготвува  за масовна имунизација од од Ковид -19. ММС беше во салата, каде веќе се монтираат кабините во кои граѓаните ќе се вакцинираат. Во салата ќе бидат наместени и столчиња , на кои по вакцинацијата граѓаните ќе треба да поминат 10 минути на опсервација, а лекарски тим и тимови на итната помош ќе ја следат нивната реакција откако ќе се имунизираат.

Во следните два ипол месеци  салата „Борис Трајковски“ ќе биде резервирана за имузација за граѓаните, а потоа ќе следуваат спортските активности кои имаат направено резервација за салата, изјави директорот, Александар Петровски, и додаде дека сите подготовки треба да бидат завршени до вечерва.

Министерот Филипче во понеделникот веќе најави дека во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе се одвива имунизацијата на граѓаните.