Хоџа: Регистрирани се над 82 илјади луѓе од дијаспората, надминати се сите технички проблеми

0
21

На прес-конференција, портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Муамет Хоџа, рече дека пописот во дијаспората продолжува без проблеми и сите технички проблеми се надминати. Досега се регистрирани над 82.000 лица, повеќето од Швајцарија, потоа Германија и Италија.

Во контекст на пописот на населението од дијаспората, сакаме да нагласиме дека процесот продолжува непречено, сите технички грешки што се појавија на почетокот се надминати. Задоволни сме од бројот на регистрирани граѓани и истовремено ве уверуваме како Влада останува посветена на успешното спроведување на оваа статистичка операција. Во продолжение, на денешната прес-конференција сакаме да ве информираме дека до денес, 19 март, вкупно над 82 илјади наши сограѓани од дијапората се попишани. Најголем број на регистрирани граѓани има во Швајцарија над 26 илјади, потоа во Германија, околу 19 илјади, следна е Италија, каде над 10 илјади граѓани се регистрирани.