Хрватска: Жена се закануваше со бомба во зградата на Грабар-Китаровиќ, момче со бомба влезе во средно училиште

0
78

Во два одделни инциденти денеска во Хрватска жена и момче се закануваа со бомби, а специјалците се на терен да ја решат ситуацијата.

Имено, денеска во центарот на Загреб, во зградата во која живее поранешната претседателка на земјата Колинда Грабар-Китаровиќ, жена се затворила во стан и се заканувала. На прозорците од станот залепила две ливчиња на кои пишувало „во станот има бомби“.

Полицајци, пожарникари и итна помош се на терен, а по 45 минути тензија, специјалците упаднале во станот и ја одвеле жената.

Претседателката во тоа време не била во својот стан.

Во Сисак пак, момче се заканувало со бмба околу 12.15 часот и тоа во средното насочено училиште.

Тој рекол дека е син на бранител и барал да се види со жупанот, кој во моментот не бил во зградтаа.

Училиштето е евакуирано, а полицијата се уште се обидува да го изолира момчето кое е внатре во зградата.

Директорот на училиштето вели дека поради состојбата, нема да има попладневни часови.