Целосно изгоре стан во Тетово: Повеќе станари побараа медицинска помош

0
21

Повеќе станари побараа медицинска помош откако попладнево целосно изгоре стан во станбениот комплекс 87 на булеварот „Илинденска” во Тетово.

Пожарот избувнал околу 12 часот и триесет минути. Една жена е однесена со возило на Итната медицинска помош во болница за интервенција. Од оган беше зафатен стан на вториот кат од четиркатницата, а чадот се раширил низ сите станови.

-Првин гледав да ја спасам фамилијата. Кога ги викавме пожарникарите, тие беа тука за пет минути, многу брзо дојдоа. За среќа нема повредени, можеби малку од чадот имаат вдишано, ама беа тука од Брзата помош и се’ во ред. Зградата нема хидранти. Пола Тетово нема хидранти – изјави жител на зградата.

Од Територијалната противпожарна единица Тетово интервенираа со десет пожарникари и три возила.

Надлежните имаат извршено увид и работаат на целосно расветлување на случајот.