Цуцуловски: Одиме кон Федерализација на Македонија

0
50

Постојат процеси што покажуваат дека одиме кон федерализација на Република Македонија, вели професорот Цуцуловски, кој додава дека една од нив е инсистирање на пописот што треба да се одржи сега и желбата за процент на одредени етнички заедници.

На пример, воведувањето на двојазичност на целата територија на Републиката, територијалната поделба од 2004 година, која одеше по етничката линија и не ги земаше предвид природните граници, туку етничкиот состав, рече Цуцуловски.

Според него, таканаречениот федерализам зборува за себе. Тиранската платформа, за која, како што рече, е дел од тријадата со Договорот со Грција и со Договорот со Бугарија, нагласи Цуцуловски.

– Инсистирањето на одржување на пописот по секоја цена сега зборува за придвижување кон федерализација, нагласувајќи од водечките фигури во оваа земја дека доколку одредено малцинство е под 20 или 30%, резултатите од пописот нема да бидат признаени, тогаш зошто се регистрираме? Нека кажат колку им треба за кантонизација и федерализација на Република Македонија, рече Цуцуловски.