С. Македонија очекува да се забрза испораката на 200.000 вакцини од компанијата „Синофарм“ за да бидат вклучени во процесот на имунизацијата во земјата.
Македонскиот државен врв побара од Кина побрза испорака на вакцините против Ковид-19, со цел да се спроведе имунизација на населението. Ваквото барање денеска му беше пренесено на кинескиот министер за одбрана, генералот Веи Фенгхе, кој престојува во официјална посета на С. Македонија. Фенгхе денеска беше примен од претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Премиерот Зоран Заев на средбата со високиот гостин од Кина апелирал да пренесе до надлежните кинески институции дека С. Македонија очекува да се забрза испораката на 200.000 вакцини од компанијата „Синофарм“ за да бидат вклучени во процесот на имунизацијата во земјата, којшто започнува утре.